6/04/2014

миговите во кои размислувам

За миговите во кои размислувам...

Friday, September 06, 2013 10:37 PM

“Можеби сум осуден на осаменост”- помисли,  и доволна беше само една помисла за да се заплетка во мрежата на мрачни мисли,тој не бараше љубов,заљубеноста беше непотребна заблуда ...или настојуваше да верува во тоа. Додека го опиваше разумот срцето остануваше трезно,тоа не се прелажа,тоа бараше нешто друго.
 Отмена става,поглед  исполнет со шарм,се што ке посакаше беше негово,никоја предалеку и никоја доволно блиску,остави празни срца и расплакани погледи зад себе не сподели радост,не доби љубов но тој и не бараше ништо за возврат...
Тој знаеше за тоа чувство кое те обзема кое те јаде од внатре,кое те исполнува и те суши истовремено,но длабоко во себе беше исплашен ....се плашеше како рането кутре кое ги крие раните,лаеше и ‘ржеше. Неговите бариери беа превисоко издигнати се плашеше да верува,да чувствува.. едноставно беше уморен од безвредни личности кои оставаат  поголема празнина со своето присуство отколку со своето отсуство .
На никого не дозволи да му се приближи зошто секој надежен обид да запознае друго човечко суштество го водеше кон тоа дека не постои никој што ке го запознае целосно, освен самиот себе.
Но тогаш зошто се јавуваше таа глад која му ја празнеше душата секој пат кога оставаше тој се чувствуваше напуштено,секоја нова страница беше крајна корица која не води кон почеток и никоја приказна немаше среќен крај,ако било среќно немаше да биде крај а на крајот сите болат исто.
Тој беше таков човек премногу слаб но доволно силен да не го покажи тоа.Многу пати повреден а сепак нанесуваше болка без срам,разочаруваше,навредуваше,си одеше кога најмногу беше потребен.
Ја изнесуваше својата болка и тие мрачни мисли на тој начин што ги повредуваше блиските личности,ги оттурнуваше од својата близина,всадувајки му дел од својата болка и пуштајќи ги да заминат со неа.
Да,да тоа што го бараше тој беше ослободување,бараше лек за својата болка,битие кое ќе му ја подари целата своја лубов,ќе му ја довери својата надеж,да го усреќи,да го оживее.
Се плашеше од тоа дека нема да ја пронајде вистинската љубов,а кога ке ја пронајде дека се излажал.Тоа беше тешко,изгледаше страшно,а стравот го кочеше,го задушуваше...сомнежот го јадеше однатре,правејќи го слеп и дистанциран од светот.
Тој не е типичен трагач на авантури и не е заводлив кршач на срца беше само наивна душа која некогаш искрено веруваше во возвишена љубов која се издига повисоко и од сите облакодери ,а сега е само огорчен лик кој им завидува на сите заљубени души,препотентен  вљубеник во себе си.

No comments:

Post a Comment