6/04/2014

Постојат чувства кои личат на сон...кои се шират во душата како магла,кои не ти дозволуваат да мислиш ниту да дејствуваш ниту да постоиш на некој јасен и разбирлив начин.

Нешто задремано останува во нас,како цела ноќ да сме лежеле будни,а сонливиот ден исполнет со сонце ја загрева здрвената површина на сетилата.
 Чувството дека сме некаде е опиеност,а волјата е како полна кофа која во градината ја истура невнимателна нога...тоа е како некој вид прашина. Човек се движи без да ја забележи,ја вдишува,ја јаде,ја пие а таа е толку ситна и фина што дури и не чкрипи под забите
..човек мора постојано да го тресе од себе тој дожд од песок.

Да се страда без страдање,да се сака без волја,да се мисли без тек на мислите...
Што убиваме кога го убиваме времето ?
-секако не времето кое и без тоа минува
Каде е животот што го изгубивме живеејќи?...а каде е мудроста што ја изгубивме во знењето

Чекореше, но не знаеше каде, набљудуваше, но не знаеше што... Таа размислуваше... размислуваше за својот живот... се сеќаваше на она што поминало, мислеше на она што доаѓа, размислуваше за иднината, за она што ќе  биде.

 Се обидуваше да сфати зошто повторно живее во истиот суров свет?
Камо да можеше овој ветар да се развиори во душава и да ги истера сите лоши чувства од неа,камо да можеше да е вака темно засекогаш да не гледам повеќе злоба и тага,да ми е вака глуво и во ушиве да не слушам туѓ плач,а во срцево да ми е светло колку најсјајната звезда ноќва за кога ќе затворам очи да не чуствувам страв од темнина.
Беше само Таа... глувата тишината.. и нејзиниот разум...толку многу спомени а толку малку време,камо да можеше ноќва да е долга колку што е мрачна - си помисли.

Да беше љубов

   

Ах Љубов моја

Да беше љубов и да беше моја...

Две студени санти лед и постудени од тоа

Две вжештени комети кои јурат кон деструкција

Две најсјани звезди кој си пркосат во сјајот

Животни кои се бораат за опстанок

Диви,подиви и од дивината

Две празнини попразни и од пустината
Две души загубени во очајот

Една покрај друга а џелади една на друга

Занемени во тишина потивка од молкот

Две темнини потемни и од мракот

Лице во лице а нож зад грбот

Победници и двата кои се туркаат од врвот

Некогаш цело,сега ни дел

Никогаш твоја,никогаш мој
Б.К

миговите во кои размислувам

За миговите во кои размислувам...

Friday, September 06, 2013 10:37 PM

“Можеби сум осуден на осаменост”- помисли,  и доволна беше само една помисла за да се заплетка во мрежата на мрачни мисли,тој не бараше љубов,заљубеноста беше непотребна заблуда ...или настојуваше да верува во тоа. Додека го опиваше разумот срцето остануваше трезно,тоа не се прелажа,тоа бараше нешто друго.
 Отмена става,поглед  исполнет со шарм,се што ке посакаше беше негово,никоја предалеку и никоја доволно блиску,остави празни срца и расплакани погледи зад себе не сподели радост,не доби љубов но тој и не бараше ништо за возврат...
Тој знаеше за тоа чувство кое те обзема кое те јаде од внатре,кое те исполнува и те суши истовремено,но длабоко во себе беше исплашен ....се плашеше како рането кутре кое ги крие раните,лаеше и ‘ржеше. Неговите бариери беа превисоко издигнати се плашеше да верува,да чувствува.. едноставно беше уморен од безвредни личности кои оставаат  поголема празнина со своето присуство отколку со своето отсуство .
На никого не дозволи да му се приближи зошто секој надежен обид да запознае друго човечко суштество го водеше кон тоа дека не постои никој што ке го запознае целосно, освен самиот себе.
Но тогаш зошто се јавуваше таа глад која му ја празнеше душата секој пат кога оставаше тој се чувствуваше напуштено,секоја нова страница беше крајна корица која не води кон почеток и никоја приказна немаше среќен крај,ако било среќно немаше да биде крај а на крајот сите болат исто.
Тој беше таков човек премногу слаб но доволно силен да не го покажи тоа.Многу пати повреден а сепак нанесуваше болка без срам,разочаруваше,навредуваше,си одеше кога најмногу беше потребен.
Ја изнесуваше својата болка и тие мрачни мисли на тој начин што ги повредуваше блиските личности,ги оттурнуваше од својата близина,всадувајки му дел од својата болка и пуштајќи ги да заминат со неа.
Да,да тоа што го бараше тој беше ослободување,бараше лек за својата болка,битие кое ќе му ја подари целата своја лубов,ќе му ја довери својата надеж,да го усреќи,да го оживее.
Се плашеше од тоа дека нема да ја пронајде вистинската љубов,а кога ке ја пронајде дека се излажал.Тоа беше тешко,изгледаше страшно,а стравот го кочеше,го задушуваше...сомнежот го јадеше однатре,правејќи го слеп и дистанциран од светот.
Тој не е типичен трагач на авантури и не е заводлив кршач на срца беше само наивна душа која некогаш искрено веруваше во возвишена љубов која се издига повисоко и од сите облакодери ,а сега е само огорчен лик кој им завидува на сите заљубени души,препотентен  вљубеник во себе си.