9/13/2016



И што сега !?
Каде го чувате тоа време што лечи рани
Јас знам за време во кое се примаат удари од сите страни
Конфузни лица,замислени,во глава носат пусти сонови
Носат актовки полни идеи,туѓи прашања,лажни одговори

А каде се крие таа среќа што се насмевнува,во кои подруми
Кажете место само нека не се зборови,празни зборови
Имаме таленти кои спонтано шараат подови
Некои слики никогаш не бледнеат,само трошат ѕидови

Умислени фаци,простираат алтруизам со празни души-полни топови
Крени глава,види горе-смогови,некогаш беа азурни сводови 
Ги гледаш ли оние сламки со трња некогаш беа цветови
Брилјантни умови со сјај на младост бараат  нови светови

Сакам да наполнам срце,да пишувам љубов,но не ми стигаат слогови
Инвестиција Коцка радостнека се носи со квадкоптери,дронови
Извитоперени карактери поштедени од љубов си задаваат автоголови
Ми треба платформа без деструктивност на сопствена штета,без падови
Ентузијазам  и разочарување ми треба нова алтернација,без стравови
Недостига на ова тло машка рака,топла душа и детски гласови
А каде си идат во пресрет сродните души,во кои часови

И што убивме додека го убивавме времето што секако си  бега !?

9/10/2016



Лица без боја

Сводот фрла дождовни капки,како да се оловни,
хистерична толпа ита,се бори со канџи орлови,
облаци тешки со боја на јаглен пулсираат со громови,
на хоризонтот гладен останаа во молк опостушени домови.

Мракот стега,темнината сама на себе тешка бара спас,
очи во очи кои што молат пригушени без глас.
Лица губат боја,дождови бесно лијат...
Глас по глас се губат,животи свирепо гинат

Згаснато ехо...Далеку негде шум се шири,
дечји врисок бара мајчино тело да се смири.
Со полуотворени очи можев да видам-
Држи се храбро мајко по тебе идам. ”

 Наредниот ден,проклето не навлече на промени.
Ладнокрвна,непоколеблива смртта тука пушти корени.
Има неба произведени од борци,еден врз друг
животот кришум го зема својот данок и го затвора овој круг.

Осамнаа срца кои веќе не чукаат како едно,разорот победи.
Утеха,милосрдност малку е,не стига колку и да се собери.
Најсјани звезди си пркосат во сјајот,безвремени
оставија души загубени во очајот,занемени.

Народе мој ! Ни прскоси страв блескав,но нема да сме покорни!
идат светли денови,идат животи посилни и побројни!
животов е неправеден,судбината безмилосно ќе носи тежина,
а времето поминува како благослов и носи нова светлина.