7/18/2017

Од под чадорот



  Гледам над мене небо сиво,наѕирам од под чадорот го гледам како во бело оти не знам,а се прашувам .... -дали овие меки облаци што налегнале се од исти нишки со оние од кои се ткаат соништа.
  Дали ткаат соништа во вис високи или само носат тешки солзи дождовни ?
 Па не да паѓаат ниско туку истураат за да се исчистат од сите бујни мечти што ни блудствуваат во главите,да се испразнат од подлоста општочовечка,од цела нечистотија и самопрезирање од гнила истрошеност.
 Истураат долу длабоко се до корен за да го измијат барем малку злото што се насадило,оти гранките се свети само таму каде што коренот е свет.
 Врне таму каде што растат стројни липи ама нема кој да ги погледне и цветови прекапуваат а  нема кој да ги помириса.
 Врне таму каде што е старо,овенато,омрцлавено,сиво и исцрпено,таму каде што прецутуваат ружи а нема кој да ги набере а кога врне го измива плочникот но не и стапките на гнилото незадоволство.Таму и почвата ќе омекне само нема да омекнат срцата на овие луѓе кои закоравеле до вкочанетост.
 Дожду не омекнува срце полно со подлост до очајание и не се измиваат лица со двојни чувства,бескарактерни.
 Таму каде што врне мермерот ќе олади а нема да оладат гневните души кои жарко беснеат наоколу и мермерот нов сјај ќе добие само очите ќе го губат.