6/25/2017

Без суштина

Ѕвони..
Во ушиве ми звони говор бесмислен
а тоа била вистината без суштина,
некој грешен тон измислен
а во суштина твојот глас како да ми пее приспивна
а јас сеуште не спијам.
Со говор на немост и осаменост,
ноќта ме одминува како амајлија и таа молчи,
осамната молкум со мисла закоравена во мозаик од спомени
ги држам широко затворени своите очи.
Секогаш садам стебло чии плодови не стигнувам да ги наберам
И цвеќе кое никогаш не можам да видам како цвета,
а имам плодни простори со вода која не рѓосува,
имам светлина и контраст за два света
не разбирам ни јас, но ме демни патетична интуиција
мојата суета со твојата желба се иста генерација
случајна средба на отсутни битиа лутаме од мир во немир, од немоќ во моќ
и бездруго сказалките враќаат накај тебе
во нескротлив водопад од кој извира злото само по себе.