Добри или лоши луѓе ?!
Не,не
тоа не се луѓе,тоа не се зеници,види тоа ти се светилки,но не од градските тоа
што го гледаш на хоризонтот се течни кристали,модулатори на слики претставени
на приказен уред.
Светлото на животот ете таму гори,таму позади
затворени врати и комфортна зона, во глува тишина нарушена од тастерите на тастатурата кои
испуштаат порцелански крици , подржано од мека фотеља намeтната со ќебе и голема шоља преполнета со високо
кофеинска возбуда,исполнето со сериозна фацијална
експресија и мирно држење,користејќи големи зборови и комплексни реченици
доволно преценети за да наранат нечие Его,доволно големи за една човечка
суетност.
Во позадина врти некоја излитена техно трака
онака по навика,онака разбива монотонија, некаде пригушена светлина тежи во
просторот а уствари полесна од самотијата која пламти,некаде тлее чад од несoгорена цигара колку да притиска на очи па да не знаеш што
повеќе ти тежи на капаците.
Луѓе затворени во ѕидни кутии
водат интимен монолог со душата.
Одбираш високо стилизирани
фонтови,интрепукциски знаци,емотикони наместо чувства,и запловуваш во светлечко
море на залутани кликови,ги ослободуваш
мислите а го заробуваш телото се ставаш во улога на сајбер мудрец еден од
ретките мислители покрај сите интернет фрикови, гламурозни блогерки и форумџики
од трета смена,сите осаменици и вљубеници во пишаниот збор,го отвараш срцето
како булка во пролет и го поставуваш на таблет..тоа е така кога имаш нејасни
емоции кои те јадат одвнатре,пусти желби фрлени под тепих,неискористени асови, изобилие на мисли а сепак неизречени па поставуваш
стеги на срцето и почнуваш да пишуваш за се она што те јаде а не сакаш да го
слушнеш.
Бледи зраци ја параат темнината а келиите од
батеријата полека загасуваат,догоруваат како свеќа мислиш ќе се стопи,ќе согори
како и умот како да е борина,ги разлабавуваш прстите ја ставаш главата на
ладната навлака телото станува лесно,главата претешка органската арматура и таа
попушта пред зората .
Под небото на технологојата се е
убаво,лесно,релативно,под мразот на реалноста се е круто,безобзирно студено и
станува пусто некако гнило ,а мразот и тој напукна само со еден клик.