7/18/2017

Од под чадорот



  Гледам над мене небо сиво,наѕирам од под чадорот го гледам како во бело оти не знам,а се прашувам .... -дали овие меки облаци што налегнале се од исти нишки со оние од кои се ткаат соништа.
  Дали ткаат соништа во вис високи или само носат тешки солзи дождовни ?
 Па не да паѓаат ниско туку истураат за да се исчистат од сите бујни мечти што ни блудствуваат во главите,да се испразнат од подлоста општочовечка,од цела нечистотија и самопрезирање од гнила истрошеност.
 Истураат долу длабоко се до корен за да го измијат барем малку злото што се насадило,оти гранките се свети само таму каде што коренот е свет.
 Врне таму каде што растат стројни липи ама нема кој да ги погледне и цветови прекапуваат а  нема кој да ги помириса.
 Врне таму каде што е старо,овенато,омрцлавено,сиво и исцрпено,таму каде што прецутуваат ружи а нема кој да ги набере а кога врне го измива плочникот но не и стапките на гнилото незадоволство.Таму и почвата ќе омекне само нема да омекнат срцата на овие луѓе кои закоравеле до вкочанетост.
 Дожду не омекнува срце полно со подлост до очајание и не се измиваат лица со двојни чувства,бескарактерни.
 Таму каде што врне мермерот ќе олади а нема да оладат гневните души кои жарко беснеат наоколу и мермерот нов сјај ќе добие само очите ќе го губат.

6/25/2017

Без суштина

Ѕвони..
Во ушиве ми звони говор бесмислен
а тоа била вистината без суштина,
некој грешен тон измислен
а во суштина твојот глас како да ми пее приспивна
а јас сеуште не спијам.
Со говор на немост и осаменост,
ноќта ме одминува како амајлија и таа молчи,
осамната молкум со мисла закоравена во мозаик од спомени
ги држам широко затворени своите очи.
Секогаш садам стебло чии плодови не стигнувам да ги наберам
И цвеќе кое никогаш не можам да видам како цвета,
а имам плодни простори со вода која не рѓосува,
имам светлина и контраст за два света
не разбирам ни јас, но ме демни патетична интуиција
мојата суета со твојата желба се иста генерација
случајна средба на отсутни битиа лутаме од мир во немир, од немоќ во моќ
и бездруго сказалките враќаат накај тебе
во нескротлив водопад од кој извира злото само по себе.

1/18/2017

Животот не е “клик”




  Добри или лоши луѓе ?!
  Не,не тоа не се луѓе,тоа не се зеници,види тоа ти се светилки,но не од градските тоа што го гледаш на хоризонтот се течни кристали,модулатори на слики претставени на приказен уред.
 Светлото на животот ете таму гори,таму позади затворени врати и комфортна зона, во глува тишина нарушена од тастерите на тастатурата кои испуштаат порцелански крици , подржано од мека фотеља намeтната со ќебе и голема шоља преполнета со високо кофеинска возбуда,исполнето со сериозна фацијална експресија и мирно држење,користејќи големи зборови и комплексни реченици доволно преценети за да наранат нечие Его,доволно големи за една човечка суетност.
 Во позадина врти некоја излитена техно трака онака по навика,онака разбива монотонија, некаде пригушена светлина тежи во просторот а уствари полесна од самотијата која пламти,некаде тлее чад од несoгорена цигара колку да притиска на очи па да не знаеш што повеќе ти тежи на капаците.
 Луѓе затворени во  ѕидни кутии  водат интимен  монолог со душата.
 Одбираш високо стилизирани фонтови,интрепукциски знаци,емотикони наместо чувства,и запловуваш во светлечко море  на залутани кликови,ги ослободуваш мислите а го заробуваш телото се ставаш во улога на сајбер мудрец еден од ретките мислители покрај сите интернет фрикови, гламурозни блогерки и форумџики од трета смена,сите осаменици и вљубеници во пишаниот збор,го отвараш срцето како булка во пролет и го поставуваш на таблет..тоа е така кога имаш нејасни емоции кои те јадат одвнатре,пусти желби фрлени под тепих,неискористени асови, изобилие на мисли а сепак неизречени па поставуваш стеги на срцето и почнуваш да пишуваш за се она што те јаде а не сакаш да го слушнеш.
 Бледи зраци ја параат темнината а келиите од батеријата полека загасуваат,догоруваат како свеќа мислиш ќе се стопи,ќе согори како и умот како да е борина,ги разлабавуваш прстите ја ставаш главата на ладната навлака телото станува лесно,главата претешка органската арматура и таа попушта пред зората .
  Под небото на технологојата се е убаво,лесно,релативно,под мразот на реалноста се е круто,безобзирно студено и станува пусто некако гнило ,а мразот и тој напукна само со еден клик.